Вести
Шеесет нови дела на ликовната колонија Куманово
Академски сликари од Македонија, Бугарија, Србија и Шведска учествуваа на 35-тата меѓународна ликовна колонија „Куманово 2011„ во рекреативниот центар Пелинце.Колонијата ќе биде збогатена со шеесетина дела од врвни сликари, кои од Куманово ќе понесат прекрасно искуство и спомени.
Педесета седница на Совет
Советот на Општината Куманово, утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 18 точки, од кои дел се извештаи за работа на јавните претпријатија и одлуки за донесување на детални урбанистичи планови.
Голема Богородица и Бајрам неработни денови
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ 28 август 2011 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Куманово подготвено да се грее на природен гас
Во предстојната грејна сезона со природен гас ќе се затоплуваат поголем дел од основните и средни училишта во градот, градинките, Општината како и поголем број стопанственици.
Нема оштета доколку скутер удри автомобил или пешак
Осигурителните компании не плаќаат оштета доколку скутер удри автомобил или пешак, пренесува „Макфакс“.
Ова е жал. Станица во Бељаковце!
На сликава се остатоците од некогашната железничка станица на некогашната железничка пруга Куманово-Бељаковце. Оддамна ја нема веќе железничката пруга со се шините и праговите, ги нема речиси веќе ни селата со се луѓето на кои пругата им беше единствената врска со светот.
За викендот температури до 39 степени
Времето во текот на претстојниот викенд ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат и до 39. степен, информираат од УХМР.
Тешка сообраќајна несреќа во Куманово
24 годишниот Филип Насковиќ го загуби животот вчера во сообраќајна несреќа кога, управувајќи моторцикл скутер, заради непрописна брзина изгубил контрола и удрил во семафор.
Кривична пријава за разбојништво во маркет
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 45-годишниот Љ.Р., за сторено кривично дело „разбојништво“.
Октетек од Љубљана со концерт во Куманово
Во недела во соборниот храм Св.Никола, концерт ќе одржи октетот Октетек од Љубљана со почеток во 20:30 часот.
« Прва ‹ Претходна 123...717273...343344345 Следна › Последна »
