Вести
Започнаа чествувањата по повод денот на Армијата
По повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија денеска ќе се положи свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолоски на градските гробишта Бутел.
Попладне локален дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност.
Започна ликовната колонија „Карпино“
Традиционално по деветии пат се одржува ликовната колонија „Карпино“, на која годинава, ќе учествуваат четиринаесет ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Словачка и Полска.
Кумановец фалсификувал „зелен картон“
СВР Куманво поднесе кривична пријава против Р.М.(34) од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
На Св.Макавеи во Герман
Изненадувачки многу народ се имаше насобрано на прославата на христијанскиот верски празник Св.Макавеи во кривополанечкото село Герман.
Денес е првиот уписен рок за бруцоши на факултети
Денес и утре е првиот рок за запишување во прва година за студиската 2011/2012 година на петте државни универзитети во Македонија. Има слободни 30.011 места, од кои 17.447 за редовни студенти во државната квота, 8.453 места во квотата за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 4.111 места за вонредни студенти.
Едукација и казни за несовесни корисници на државно земјоделско земјиште
Ќе се едуцираат но и санкционираат лица кои добиле на користење државно земјоделско земјиште а несоодветно го експлоатираат. Доколку и по едукацијата не ги употребуваат површините согласно намената, новото законско решение предвидува казнени постапки.
Нема политички пречки, попис од 1-ви октомври.
На први октомври почнува пописот во Република Македонија. Техничките и политичките пречки за реализација на оваа статистичка категорија, се елиминирани - уверува претседателката на Државната пописна комисија, Весна Јаневска.
Метеор го осветлил Куманово
По објавување на информацијата на Кумановоњуз дека граѓаните на Куманово, во понеделникот виделе светлосна топка над градот, до нашата редакција пристигна објаснување од Кумановското астрономско друштво Кокино.
Кој е газда, мечки да го...
Кој е газда на хотел „Куманово“ бре луѓе, мечки да го газат! - прашува дедо застанат под сенка пред влезот од некогашниот репрезентативен угостителски објект, најлуксузен од Скопје до Врање, а бога ми и до Ниш. Така вели дедо Мите, жално гледајќи во некогашниот убавец, а сега руина.
« Прва ‹ Претходна 123...727374...343344345 Следна › Последна »
