Вести
Застрелан жител на Липково
Б.Д.(40) од селото Липково се здобил со две прострелни рани во пределот на левата надколеница и карлицата, кога во него од пиштол пукало непознато лице.
Заврши зимскиот распуст
По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се вратија во училишните клупи во второто полугодие од учебната година.
Жените Ромки во Куманово се дискриминирани
Ова го покажало истражувањето на Центарот за ромска заедница "Дром" од Куманово за потребите на проектот "Стоп за двојната дискриминација на жената Ромка".
Наскоро пратенички канцеларии за комуникација со граѓаните
Во Куманово до крајот на месецот ќе започнат со работа канцеларии, во кои пратениците ќе остваруваат средби со граѓаните.
Бивш сопруг киднапирал кумановка
С.С.(24) од село Арнакија-скопско ја киднапирал неговата бивша соруга кумановка, со цел да ја натера повторно да живеат заедно.
Македонки и Албанка нелегално работеле во локал во Ваксинце
Во угостителскиот објект "Алби" во село Ваксинце, минатиот викенд полицијата затекнала три македонски и една албанска државјанка, кои нелегално работеле во објектот.
Спасовски: Мора да престане голготата на болните
Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ денеска побара од надлежните здравствени институции во градот и државата, под итно да го решат проблемот со ноќните дежурства, за да не се доведува во прашање здравјето на граѓаните.
Пивтии за децата со хендикеп
Мултимедијалниот Центар „Карпино„ во рамки на манифестацијата „Пивтијада„ вчера и денеска донираше пивтии на неколку институции и здруженија во градот. Денеска напладне беа однесени 50 тањири пивтии во Центарот за деца со интелектуална попреченост кај градинката „ЧИК„.
Му украле накит вреден 30 иљади евра
Во куќата на Р.С.(52) од с.Лопате крадци украле златен накит вреден 30 иљади евра. Р.С., кој не живеел во куќата пријавил дека кражбата е извршена во текот на изминатите 9 месеци, додека никој немало дома.
« Прва ‹ Претходна 123...8910...343344345 Следна › Последна »
