Вести
Директорите во Советот не го кршат законот
Реакцијата на Комисијата за спречување на корупцијата за неспоивост на советничките и други функции на локално и централно ниво, го отвори и прашањето за тројцата советници од коалицијата „За подобра Македонија„ во Советот на Општината Куманово, кои истовремено се и директори во државни претпријатија.
Од свој агол: САРМА
Кому да му веруваш?! На статистичарите кои прецизно пресметале дека во Македонија просечната месечна плата изнесува 331 евро или на сопствените очи и уши кога секојдневно гледате и слушате замислени и загрижени луѓе, кои се жалат дека секој месец едвај преживуваат од први до први.
12 јуни - Светски ден против злоупотреба на детскиот труд
Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, по повод 12 јуни Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд потсетува дека и покрај тоа што поминаа 8 години откако стапи на сила Конвенцијата бр. 182 на Меѓународната Организација на трудот (МОТ) за најлошите форми на детскиот труд во Република Македонија состојбата со злоупотреба на детскиот труд и понатаму е алармантна.
Кумановец извадил 180000 долари од сметката на жена си
Близу 180 000 американски долари нелегално се извлечени од експозитурата на Тутунска Банка во Куманово, од сметката на 34. годишна кумановка која времено работи во Авганистан.
Полска-Непокор култура и возвишувања
Во Уметничката Галерија во Куманово вчера беше отворена изложбата со наслов „Полска-Непокор култура и возвишувања“.
Пријава за син што претепал мајка
СВР Куманово, поднесе кривична пријава против С.Д. (33) од Куманово за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска семејно насилство.
Гасификацијата на Куманово се интензивира.
На крстосницата на булеварот Трета МУБ и Октомвриската Револуција денеска е извршено спојување на челични гасоводни цевки со профил од 159 мм со што е овозможена изградба на нови еден ипол километар од примарната гасоводна мрежа. Оваа операција ја изведува екипата на ФЗЦ „11 Oктомври“.
Фудбал на кеј
Љубителите на фудбалот, од денеска ќе може на отворено да го следи светското фудбалско првенство на големите екрани поставени кај игралиштата на булеварот „Октомвриска револуција“.
Девојка во стан чувала марихуана и канабис
СВР Куманово, поднесе кривична пријава против А.И. (28) од Куманово за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„.
Превенција од насилство меѓу младите
Што да преземат надлежните институции и невладини организации во градот за да помогнат во спречување на насилството меѓу младите беше темата на синоќешната трибина што ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Пред присутните говореа претставнички од Собранието, Бирото за развој на образованието, СВР Куманово и невладиниот сектор кој работи на оваа проблематика.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










