Вести
Оснивачко собрание на жените на ПОДЕМ
Вечерва во салата на поранешен Комитет, основчко собрание ќе одржи општинската организација на жените на ПОДЕМ.
Пријава за поседување на барут
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д. (33) од Куманово за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
ОУ „Кочо Рацин„ одбележа 65 години постоење
Основното училиште "Кочо Рацин" одбележа 65 години од своето постоење. По тој повод денеска во училиштето се одржа свечена приредба. Директорот Драгиша Цветковиќ,потсети дека во тековната година се реализирани повеќе проекти, а со тоа се подобрени и резултатите на училиштето.
Државна матура на 12 и 14 јуни
На 12 јуни, матурантите ќе полагаат мајчин јазик, а на 14-ти странски јазик, математика, естетика или филозофија.
Дваесет и седма седница на Совет
Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот. На дневен ред ќе се најдат 12 точки, а се очекува најинтересна да биде расправата за задолжување на Општината.
Изложба на цртежи на Мирјана Крстева
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе биде отворена изложба на цртежи и слики од авторката Мирјана Крстева Массети, која живее и работи во Гевгелија.
Уште еден бранител треба да врати оштета
Министерството за одбрана го тужи Сашо Величковски (39) од Куманово, поранешен капетан во АРМ, ранет од мина во 1999 година во селото Танушевци за стекнување на матерјална корист без основ и бара да ги врати парите што пред пет години ги добил како обештетување за претрпената штета.
Цвеќе за роденденот на Тито
По повод 25 мај, роденденот на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз-Тито на Градскиот плоштад пред неговото спомен одбележје денеска свежо цвеќе положија група на граѓани, почитувачи на неговиот лик и делото ,борците на НОБ и членовите на Реформираната Комунистичка Партија на Македонија.
Пријава за напад на таксист
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.С. (31) од Куманово за сторено кривично дело „разбојништво“.
Ќе соработуваат водоводните претпријатија на Куманово и Марибор
Јавните водоводни претпријатија на Куманово и Марибор потпишаа меморандум за соработка. Се работи за рамковна спогодба за соработка на сите полиња и размена на искуства со кои располагаат двете претпријатијата.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










