Вести
Казнет полицаец од Матејче
На С.Н. полициски службеник во полициското одделение Матејче, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци, поради тоа што не презел мерки да спречи нарушување на јавен ред и мир.
Корисници на Порака организирано до лични карти
Лицата со посебни потреби сместени во Дневниот центар „Порака-наша„ организирано ќе извадат нови лични карти. Mинистерството за внатрешни работи издало оддоберение за групно вадење на лични карти за специфичните категории на граѓани.
СВР: Веселбите не се слават со оружје
Под мотото „Оружјето не е за веселба, а куршумите не се честитки„ СВР Куманово спроведува кампања во која ги повикува граѓаните да се воздржат од употреба на оружје за време на семејните свечености.
Се градат тротоари на „Никола Тесла„
Улицата „Никола Тесла„ на потегот од железничкиот мост до селото Долно Којнаре ќе добие тротоари. Тротоари ќе се постават во должина од 2350 метри, а нивната широчина ќе изнесува 2,5 метра.
Продолжува Кумановското културно лето
Вечерва во ноќниот клуб „Версај„ со почеток од 21 часот ќе се одржи театарската претстава "Гола до пола" во продукција на Театарот "Крик" од Скопје.
Делови од градот без вода
Жителите на улиците „Бајрам Шабани„,„Индустриска„, „Народна револуција„ - Пчински пат и населбата Ајдучка чешма, денеска ќе останат без вода за пиење.
Концерт на обоа и пиано
Утревечер во малата сала на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржат Томе Атанасов на обоа и Огненка Герасимовска на пиано.
Изгоре мотор во центарот на градот
На паркингот во центарот на градот, на улицата „Борис Кидрич„, вчера попладна изгоре мотор. Причинaта за избувнувањето на пожарот не е позната.
Камионџија шверцувал гуми и фелни
Во камионот пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, откриени се 2 автомобилски гуми со алуминиумски фелни и 1 ладилник.
Видео атр-презентација на Градскиот плоштад
Во Куманово вечерва започнува презентацијата на видео арт дела од Интернационалниот видео фестивал Видеохолика.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










