Вести
Светски ден на СОС телефони за помош и поддршка на децата
Денеска на 17 мај се обележува Светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот.
Матурантите да се однесуваат одговорно на матурските вечери
Матурантите да бидат поодговорни во своето однесувањето за време матурските вечери со цел да се намалат инцидентите кои најчесто се последица на консумирање алкохол. Оваа и други препораки им биле пренесени на матурантите во сите средни училишта во градот од претставниците на МВР од Одделението за превенција.
Пчиња направи пустош во Старо Нагоричане
Надојденита вода на реката Пчиња ноќеска зароби четири лица во бањата Стрновец, кои за да се спасат биле извлечени со хеликоптер. Драмата траеле од 3 часот по полноќ до раните утрински часови, кога една жена и тројца мажи вработени во кафеаните во бањата, ноќта ја поминале во еден објект за да не ги повлече големата вода што носела се пред себе.
Никако да се реши хаосот во градскиот превоз
Здружението на приватни авто-превозници од Куманово денеска одржа состанок со градоначалникот, локалната администрација и претставниците од полицијата за да изнајдат решение на повеќегодишниот проблем со нелојалната конкуренција во превозот на патници.
СНП бара будност во државата
Српска напредна партија во РМ предупредува и ги повикува на будност сите политички субјекти во државата, а за најодговорни ги смета органите на власта, поради се позачестените полициски акции со кои секојдневно се откриваат огромни количества оружје.
Предавања за заштита од трговија на деца
Секторот за превенција при СВР-Куманово денеска во ОУ „Браќа Миладиновци„ денеска ја претстави кампањата за превенција и заштита од трговија на деца.
Работилница „Етичко оценување на учениците„
Директори, професори, психолози и педагози од повеќе основни училлишта од градот денеска во основното училиште „11 Октомври„ учествуваа на работлницата на тема „Етички кодекс во оценување„ што ја организираше УСАИД. Работилницата се реализира со цел да се подобат стандардите за правично оценување и прикажување на вистинските резултати на учениците.
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се жалат на работата на локалните институции
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конфернција објави дека на нивна адреса секојдневно стигаат поплаки од граѓаните кои се жалат дека не можат да ги остварат своите права во локалните институции.
Распишан конкурсот Самоуки 2010
Центарот за култура „Трјако Прокопиев„ го распиша конкурсот "Самоуки 2010" на кој можат да конкурираат сите уметници кои аматерски се занимаваат со сликарство.
Полскиот амбасадор го посети Куманово
Полскиот амбасадор Карол Башура денеска беше во официјална посета на Општината Куманово.Со Градоначалникот Зоран Дамјановски разговараа на повеќе теми и можности за соработка, а едната од нив беше Коцертот што ќе се одржи во Кумановопо по повод 200 години од раѓањето на полскиот композитор Фредерик Шопен.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










