Вести
ВМРО-ДПМНЕ однесе храна во „Порака„
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по повод годишнината од формирањето на партијата, денеска го посетија дневниот центар „Порака“, каде однесоа прехрамбени производи, пијалаци и нагледни сретства.
Почит за авијатичарите во Којнаре
По повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и првите жртви во Куманово за време на Втората светска војна, на споменикот на Авијатичарите во Долно којнаре, цвеќе положија повеќе делегации на политичките партии и здруженија на граѓани на Србите во Македонија и амбасадотор на Србија во Македонија.
„Силвија„ премиерно во Кумановскиот театар
Во Кумановскиот народен театар во среда премиерно ќе биде изведена претставата "Силвија" од Гурнеј во режија на Драгана Милошевска Попова. Во претставата играат Јасмина Василева, Горан Илиќ, Кети Дончевска-Илиќ и Ивица Димитријевиќ.
Падобранец и манекенка скокнаа во жито
Српскиот падобранецот Александар Цветковиќ (28) од Смедерево,кој учествуваше на Меѓународниот куп на падобранство во Куманово, во саботата го извел првиот падобрански тандем скок во државата со манекенката Рената Стоилковска од Скопје. Наместо на целта,двојката завршила во жито.
Одбележан Денот на победата над фашизмот
На Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска се одбележа 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот.На жртвите на фашизмот им оддадоа почит и цвеќе положија претставници од Локалната самоупрва , Сојузот на борците, АРМ, Советот на Општината, политичките партии, училиштата, невладините организации и поединци, почитувачи на традицијата од НОБ.
Регионален натпревар по сообраќај
Основното училиште „Толи Зордумис„ беше домаќин на Регионалниот натпревар по сообраќајна култура за основци-Детски Семафор и за средношколци Сообраќајно техничка култура.
Кумановчани под маски
Над 2000 маски продефилираа на Градкиот плоштад на седмиот по ред маскенбал „Батко Ѓорѓија - 2010„. На маскенбалот учестваа дечиња од градинките и ученици од основните и средни училишта, маскирани како вонземјани, снегулки, кременковци, готвачи, балерини, војници, ветерки и други најразлични маски се претставија пред неколку илјадната публика.
Светски ден на Црвен крст
Денеска се одбележува 8 мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Тепачка на ученици во дворот на „Вук Караџиќ„
Двајца осмооделенци од ОУ „Вук Караџиќ“ во Куманово, завршиле во болница со дупнати глави, откако нивни врсници од соседното основно училиште „Наим Фрешери„ ги удриле со боксови и камење.
Свеченост за Денот на полицијата
СВР Куманово го одбележа 7 мај, Денот на полицијата.По тој повод беше организиран свечен прием за вработените, пензионираните работници, претставниците од локалната самоуправа, советниците, јавниот и невладиниот сектор.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










