Вести
Промовирано новото раководство на ВМРО-НП
Елизабета Симоновска,директорка на Детскиот центар „Вавилон„ е новиот претседател на општинскиот Комитет на ВМРО-Народна Партија. Симоновска доаѓа на местото на Миле Јакимовски, кој е избран за генерален секретар на партијата.
„Вук Караџиќ“ одбележа 65 години постоење
Основното училиште „Вук Караџиќ„ денешниот патронен празник го одбележа со приредба и презентација за проектните активности во училиштето.
Хепенинг на младите по повод Денот на Европа
Ученици од основните и средните училишта и младинските невладини организации денеска учествуваа на голем хепенинг на Градскиот плоштад по повод Денот на Европа. Хепенингот се реализираше во два дела: официјален со богата музичка програма и неформален со интерактивни работилници.
Измислуваат киднапирања за да бегаат од час
Куманово сеуште живее во страв од киднапирање, по исчезнувањето на двете Ромчиња од населбите Средорек и Бавчи и по случката во селото Ваксинце каде германски туристи беа обвинети за киднапирање деца.
Пријава за разбојништво
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т. П. (45) од Куманово за сторено кривично дело „разбојништво„.
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку народни пари ќе потроши за прослави и споменици
Од општинската организација на СДСМ денеска ги отфрлија наводите на ВМРО-ДПМНЕ за нерационално трошење на парите на граѓаните и побараа нивните политички опоненти да кажат, колку сретства ќе потрошат за прослава на роденденот на партијата, изградбата на спомениците и задолжување со еврообврзниците.
Хепенинг на Градскиот плоштад
Утре со пиочеток во 11 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи голем Хепенинг по повод „ Денот на Европа - 9 Мај„ и Денот на победа над фашизмот.
Средорек го слави Ѓурѓовден
Ѓурѓовден денеска се празнуваше и вокумановските ромски населеби. Највесело беше во Средорек, каде со музика и песна во секоја куќа се готвеше празничен ручек.
СВР: Граѓаните да не наседнуваат на шпекулациите за киднапирани деца
Информациите кои деновиве се шират, дека имало грабнување и обиди за киднапирање на деца по градот се чисти шпекулации, тврдат од СВР Куманово. Од полицијата апелираат граѓаните да не се вознимуруваат и да внесуваат страв кај своите деца, бидејќи нивното движење низ градот е безбедно.
ВМРО-НП со ново општинско раководство
ВМРО-НП утре ќе го промовира новото општинско раководство. На прес конференцијата лидерот Марјан Додовски ќе ги соопшти имињата на првите луѓе во општинскиот комитет.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










