Вести
Смени и во Кумановскиот синдикат
По смена на претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, промени ќе претрпат и раководствата во Регионалните синдикати.
Глобална недела за вклучување на децата во образованиe
Под мотото „Една цел: Настава за сите„ од денеска започнува Глобалната кампања за вклучување на децата во образованието.
Пријава за измама
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р. (48) од с.Кочули-Валандовско за сторено кривично дело „измама“.
Цела недела променливо облачно со дожд
Облачно време со врнежи од дожд и грмежи ќе преовладува и оваа недела. Максималните дневни температури ќе бидат од 15 до 19 степени Целзиусови.
Истепан претседателот на „Хоризонт - Македонија“
Ивица Младенов (33) од Крива Паланка, претседател на невладината организација „Хоризонт - Македонија“, утринава во 3 часот по полноќ е нападнат и претепан од непознати маскирани лица на периферијата на градот.
Ромите ќе протестираат пред полицијата
Под мотото „Детското срце слободно да чука„ утре ќе протестираат претставниците на ромските невладини организации и жителите на населбите Средорек и Бавчи.
Продал туѓ плац за 5,5 илјади евра
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А. (32) од селото Режановце за сторено кривично дело „измама“.
Во Македонија Ден на жалост
Во Македонија денеска е Ден на жалост, откако синоќа Владата ја донесе оваа одлука по повод трагичната смрт на претседателот на Република Полска, Лех Качински, неговата сопруга Марија и високи полски државници, кои го загубија животот во авионската несреќа што се случи на 10 април во рускиот град Смоленск.
Разбојништво во Бабин Дол
Во населбата Бабин Дол, вчера во 3 часот по полноќ, маскиран сторител насилно влегол во куќата на С.А. (86) и го ограбил.
Жените на СДСМ со трибина за јавните службеници
Клубот на жени на општинската организација на СДСМ во понеделник организира трибина на тема „Закон за јавни службеници, нарушување на работничките права„.
« Прва ‹ Претходна 123...345346347...398399400 Следна › Последна »
