Вести
Концерт на Огненка Герасимовска
Во малата сала на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва ќе се одржи концерт за пијано во изведба на Огненка Герасимовска. На програма ќе бидат делата на Бетовен, Чајковски, Прокофиев,а во придружба на Даниел Чуркоски.
2500 слободни места во средните училишта
Во четирите средни училишта во градот, полуматуранти ќе можат на овогодинешниот упис да конкурираат за вкупно 2544 слободни места во 76 паралелки на македонски, албански и српски јазик.
На Табановце запленети ракети
На граничниот премин Табановце-автопат за влез во државата биле откриени 43 пиротехнички средства- ракети, марка Famous dragon.
Ѓурѓовден - Празник на пролетта
Празникот на Св. Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, се празнува секоја година на 6 мај. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијаните туку и друго население во Македонија што значи дека се празнува природата и животот.
ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт троши народни пари по елитни хотели
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја обвини локалната власт за расипничко трошење на парите од Буџетот на Општината и за донесување на одлуки на советот кои не се во интерес на граѓаните и во согласност со изборните ветувања на градоначалникот и СДСМ.
Во сабота Маскенбал
На Градскиот плоштад во Куманово во сабота по седми пат ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија„.Просторот пред споменикот на Батко Ѓорѓија ќе биде адаптиран за оваа намена, а учесниците своето дефиле ќе го започнат од пред училиштето „Крсте Мисирков„.
Одбележана битката на Челопечка кула
Делегација на Обединетата српска заедница Куманово, по повод 105 годишнината од битката на Челопечка кула, положија свежо цвеќе на спомен костурницата во селото Челопек.
Пензионерите играат „Шути и рогати„
Драмската секција на Здружението на пензионери "Ѓоко Симоновски" вечерва премиерно ќе ја изведат претставта „Шути и рогати„. Режисер на претставата е Стоје Додевски, а сценографијата е на Јовица Цветковски.
Граѓаните се пожалија на инспекторите по градежништво
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам организираше средба со граѓаните што имаат нерешени прашања од областа на урбанизмот и градежништвото. Целта на овие работни посети е да се разгледаат предметите на граѓаните што заглавиле во локалната самоуправа.
Српскиот и ромскиот, официјални јазици во Советот
Српскиот и ромскиот јазик од денеска официјално ќе се користат во Советот на Општината Куманово. Одлуката беше донесена на денешната седница со подршка на 31 советник од македонските и албанските партии, освен советникот на ДПА.
« Прва ‹ Претходна 12345678910111213141516171819202122232425262728293031323334353637383940414243444546474849505152535455565758596061626364656667686970717273747576777879808182838485868788899091929394959697 Следна › Последна »










