Вести
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Градоначалникот со честитка за Курбан Бајрам
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски упати честитка до граѓаните, кои го слават муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Честитка од Советот за Курбан Бајрам
Претседателот на Советот на Општина Куманово, Виктор Цветковски упати честитка до сите верници од муслиманска вероисповест, по повод големиот празник Курбан Бајрам.
Познати добитниците на наградата „11 Ноември„
Комисијата за доделување награди и признанија при Советот на Општината Куманово, на денешната седница одлучи престижната Ноемвриска награда за 2011 година да ја додели на четири поединци и едно здружение.
Се реконструира патот Војник-Бајловце
Денеска започна реконструкција на локалниот пат Војник - Бајловце, во должина од 4 километри.
Почна исплатата на октомвриските пензии
Од денеска се врши исплата на октомвриските пензии, информираат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
Одржан противпожарен квиз
Екипи на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и гимназијата „Гоце Делчев„, победија на 17-тиот општинскиот натпревар по противпожарна заштита што денеска се одржа во Куманово.
Кумановка повредена со нож во Скопје
С.З.(34) од Куманово која била на гости во Скопје,вчера попладне била расечена со нож по грбот и на десната подлактица,кога во куќата на А.Б. (53) упаднал неговиот сосед С.Х., за да се пресмета со него.
Зголем бројот на повици во Итна помош
Итната медицинска помош во Куманово, прима околу 40 повици за едно деноноќие во последниве недели, поради високите температури за овој период во годината.
Голем интерес за Ноемвриската награда
Десет граѓани и 11 фирми и институции, се во конкуренција да ја добијат престижната општинска награда „11 Ноември„. Комисијата за доделување на награди и признанија при Советот на Општината ќе одлучи кој од предложените кандидати заслужува да се закити со признанието.
« Прва ‹ Претходна 123...394041...342343344 Следна › Последна »
