Вести
Дома чувал „цевка бомба„
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.М. (51) од Куманово, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Училиштето „Бајрам Шабани„ доби парно греење
Во основното училиште „Бајрам Шабани„ денеска беше пуштено во употреба централно греење. Проектот чини над 100 иљади евра, а сретствата ги обезбеди локалната самоуправа Куманово.
Запленети 33 иљади петарди
Џ.А. (50) од Черкеско село во својата куќа чувал 33.678 парчиња петарди наменети за продажба. Полицијата ги пронашла минатиот месец при претрес на куќата.
Годишен концерт на играорците-пензионери
Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски„, кое работи во состав на Здружението на пензионери "Куманово", викендов го одржа традиционалниот годишен концерт насловен "Пензионерите за својот град".
Ги оставале децата да питачат на граница
С.М. (38), Ѓ.М. (31), Х.Ф.(48), С.О. (48), Ж.Џ. (28) и Р.С. (37), сите од Куманово ги оставале нивните деца да питачат на граничниот премин Табановце.
Старо Нагоричане изработува план за заштита на животната средина
Општината Старо Нагоричане го започна процесот на изработка на Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП). Во изработка на планот се вклучени советници од општината, општинска администрација, здруженија на граѓани и претставници од образованието.
Рецитал на Златко Мадевски
Во Центарот за култура утревечер ќе се одржи рецитал на Златко Мадевски - хармоника во придружба на Андреј Наунов – пијано.
Му ја скршиле косилката, па го изболе со нож
Р.С.(32) од селото Ропаљце се здобил со два убоди од нож во стомакот, откако го нападнале неговите роднини, браќата Б.С.(24) и А.С.(22) од с.Ропаљце.
ВМРО-ДПМНЕ: Сметките за вода ќе се зголемат за 25 одсто
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција уште еднаш го обвинија градоначалникот и СДСМ, поради тоа што граѓаните на Куманово од идниот месец ќе плаќаат повисоки сметки за вода.
Празникoт на сите светци неработен за католичките верници
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 Ноември 2011 година (вторник), Празникот на сите светци е неработен ден за верниците од католичка вероисповед во Република Македонија.
« Прва ‹ Претходна 123...424344...343344345 Следна › Последна »
