Вести
Претепан обезбедувач на болница
Л.М.(51) од кумановското село Табановце-кумановско, во еден часот по полноќ е нападнат и претепан од две непознати лица, додека ја обезбедувал Градската болница во Скопје.
Проекти за финансиска подршка на земјоделците
Од кумановската Агенција за развој и поттикнување на земјоделството ги информираат заинтересираните земјоделци дека во тек е јавниот повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Арачиновeц дилал дрога
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(22) од село Арачиново за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Најновиот број на „Корени„ посветен на Балканот
Во двобројот се објавени дваесетината есеи на автори од целиот Балкан, како и други содржини кои по својата тематика се блиски до она што би го нарекле балканско.
Пожар остави на улица две семејства
Во голем пожар денеска изгоре кат од куќа во кумановската населба „Перо Чичо„. Пожарот избувнал во една од собите и брзо се проширил на останатите простории, каде двајцата браќа живејат под кирија.
Пратеникот Спасовски се сретна со кумановци во Кабул
Пратеникот Оливер Спасовски од Куманово, како член на Собраниската комисијата за безбедност беше дел од делегацијата на министерот за одбрана, што го посети македонскиот контигент во Авганистан по повод празникот 11 Октомври.
Голем интерес за обука на е-даноци
Управата за јавни проходи денеска организираше обука на тема Електронско поднесување на даночни пријави или е-даноци, за сметководителите и другите правни субјекти во градот.
14 години затвор затоа што ја задушил соседката
Игор Мемедовски (36) е осуден на 14 години затвор затоа што ја убил неговата соседка Трајка Незировска (69) од Ранковце.
Разгледница на едно изминато време
Вечерва во Уметничката галериа во Куманово ќе биде отворена етнолошката изложба „Разгледница на едно изминато време Куманово 1910- 1950...„ од Анита Ѓорѓиеска.
99 години од Кумановска битка
На 23 октомври се навршуваат 99 години од познатат Кумановска битка која се случила на м.в. Зебарник во селото Младо Нагоричане.
« Прва ‹ Претходна 123...464748...343344345 Следна › Последна »
