Вести
Денови на комедија во октомври
Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија и оваа година ќе се одржи во октомври. Кумановската публика во 15 вечери ќе има можност да види десетина тетарски претстави од земјава и странство.
Одбележан денот на мирот
Во организација на Сојузот на борците од Куманово, утринава пред споменикот на револуцијата во паркот пред Центарот за култура, беше одбележан Денот на мирот.
Информативен ден за ЛЕАП програмата
Утре во кружната сала на зградата на Комитет ќе се одржи информативен ден, по повод отпочнување на изработката на ЛЕАП стратегијата на Општината Куманово.
„Мала Богородица„ ќе се слави во Матејче
Раселените Македонци и Срби од селото Матејче, кои за време на воениот конфликт ги напуштија своите домови големиот христијански празник „Мала Богородица“,ќе го прослават во манастирот над селото.
Jа грабнал бившата девојка
В.С. (20) од Куманово, наместо да ја превезе ја грабнал поранешната девојка и ја однел во неговиот дом.
Вечерва трибина за Богдановски
Одложената трибина на ВМРО-ДПМНЕ, посветена на раѓањето на Драган Богдановски ќе се одржи вечерва во центарот за култура „Трајко Прокопиев„.
Сменет директорот на Водостопанство
Дејан Божиновски, директор на водостопанство „Кумановско-липовско поле„, разрешен е од функцијата. Како што неофицијално дознаваме на Божиновски му била изгласана недоверба на Седница на управен одбор на водокорисници, што се одржала во петокот.
Општината ќе даде простор за уште еден дневен центар за деца со пречки во развој
Општината Куманово ќе обезбеди простории во основното училиште „Бајрам Шабани„ за потребите на невладината организација „Резија„, која работи со децата со посебни потреби од Куманово и Липково.
Се асфалтирааат три сообраќајници
Се асфалтираат улиците „Бранко Радичевиќ„ и „400„ во населбата Иго Тричковиќ, како и локалниот пат помеѓу селата Клечовце и Војник, кои се влезени во програмата за изградба и реконструкција на улиците за оваа година. Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината.
ДПСМ бара да присуствува на координација на Совет
Советниците на Демократската партија на Србите во Македонија, бараат да бидат дел од координативното тело, кое заседава пред секоја седница на Совет, бидејќи таму присуствувале и нивни колеги со помал број на освоени советнички места.
« Прва ‹ Претходна 123...585960...343344345 Следна › Последна »
