01. Jun 2010 11:58 Бетонски ѕид уби старец

 Сејди Бељули (75) од Куманово завчера во несреќен случај го загуби животот во неговиот двор, кога врз него паднала и го затрупала бетонска ограда висока 2 метра.

Бетонски ѕид уби старец

 Несреќата се случила на улицата „Младен Стојановиќ„ додека Бељули копал темел за да изгради потпорен ѕид на веќе постоечка бетонска ограда.Откако го ископал темелот седнал да се одмори и бетонските тули паднале и го потрпале. Старецот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Кумановската болница каде им подлегнал на повредите.

Според соседите на семејството Бељули во расчистувањето на дворот и поставување на оградата учествувале и синот и внуците. Полицијата извршила увид на лице место и утврдила дека се работи за несреќан случај.