12. Sep 2011 10:25 Чаирчани најдобри на државниот натпревар по прва помош

 Екипата по прва помош од Црвениот крст на општината Чаир го освои првото место на државното натпреварување по прва помош, што во сабота се одржа во Куманово. Второто место и припадна на екипата на Центар, а трети беа претставниците од Прилеп.

Thumbnail

 Домаќините Куманово, го освоиа 11 место. Победникот ќе ја претставува Македонија на Европското првенство по прва помош во Ирска.

Пристигнаа над 400 претставници од 24 градови, од кои 250 беа натпреварувачи. Организацијата беше на највисоко ниво и гоститите заминаа задоволни од она што им беше понудено во нашиот град, велат од Црвениот крст. 

Чаирчани најдобри на државниот натпревар по прва помош