20. Jul 2010 14:59 Црвенковски во Куманово

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски утре ќе се сретне со партиското раководство во Куманово.
Црвенковски во Куманово

 Состанокот ќе биде во проширен состав и ќе присуствуваат и претседателите на месните организации на општинската организација. Средбата е закажана во 18 часот во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.