29. Nov 2011 11:41 Дебата за спречување на семејно насилство

Жeнски Центар „Жена на 21 век„ Куманово, утре организира јавна дебата како дел од националната кампања за одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените во рамки на програмата „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ на Министерството за труд и социјална политика и Обединетите нации ( UNFPA, UNDP, UN Women, WHO & UNICEF).

Thumbnail

Дебатата ќе се фокусира на воспоставениот механизам за институционална координација во форма на локални координативни тела (Локални совети), кои ги вклучуваат сите институции на општинско ниво, како и ефективната координација на спроведувањето на Стратегијата за превенција од семејно насилство 2011-2013 година низ сите релевантни институции како и развивање на соодветни политики.