05. Jul 2010 08:51 Децата на загинатите бранители на бесплатен одмор во Претор

 Здружението на бранители и оваа година за своите членови огранизира летување на Преспанското езеро во феријалното одмаралиште Претор.

Децата на загинатите бранители на бесплатен одмор во Претор

 Годинава добивме поволни термини за одмор од 12 до 19 јули. Сместувањето и полн пансион чини 3600 денари, а за деца до 12 години 2550 денари, додека за деца на загинатите бранители е бесплатно. Имаме и организиран превоз кој изнесува 700 денари- вели Предраг Петрушевски претседателот на Здружението на бранители 2001 година од Куманово.

Сите заинтересирани граѓани можат да се обратат во канцелариите на здруженитео кое се наоѓа на булеварот “Октомвриска Револуција”.