23. Dec 2011 15:13 Дедо мразовци на мотор

 Триесетина Дедо мразовци на мотор прошетаа по кумановските улици.

Thumbnail

Нивната мисија беше да однесат подароци на децата во Дневниот центар со интелектуална попреченост до 18 години, кој се наоѓа во градинката кај поранешен „ЧИК„.

Мото-клуб „Мечки„ од Куманово, четврта година по ред организира хуманитарна акција за децата со посебни потреби. На еден симболичен начин им ги честитаме новогодишните празници со пакетчиња и други подароци за да ги израдуваме. Оваа година ни се придружија и нашите пријатели од мото-клуб „Индијанс„ од Куманово, „Шар-планинци„ од Тетово и други пријатели од Скопје- вели Ивица  Петковски од мото-клубот „Мечки„.

Во мото-клубот „Мечки„ членуваат околу 20 членови од Куманово.

Дедо мразовци на мотор