09. Mar 2010 09:58 Делегација од Белгија во посета на Липковско

 Државниот секретар за имиграција и азил на Белгија,  Меркол Ватела со својот колега од МНР Мемеди, денеска ќе го посетат Липковскиот регион.

Делегација од Белгија во посета на Липковско

 Тие прво ќе се сретнат со градоначалникот на Липково, а потоа ќе обиколат неколку села и ќе поразговараат со месното население и жителите кои барале азил во Белгија. Планирано е да се обиколат селата Матејче и Ропаљце.