28. Jul 2010 11:41 Диво емитувал странска музика и програма

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ж.В.(48) од Куманово, управител на ДТТУ „Парма-Шпед„ ДООЕЛ Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување„.

Диво емитувал странска музика и програма

 Во јуни годинава при контрола во фирмата е откриено дека пријавениот спротивно на Законот за радиодифузна дејност, не ги регистрирал програмските сервиси што ги пренесувал преку јавната комуникациска мрежа, односно го пренесувал програмскиот сервис на „MTV„ без да го регистрира во Советот за радиодифузија. Истовременоа спротивно на Законот за употреба на македонски јазик, пренесувал програмски сервис на англиски јазик.