26. Dec 2011 15:54 Го потрупала земја додека копал бунар

Анѓел Т. (53) од Свети Николе вчера бил затрупан со земја додека копал бунар во селото Градиште. Несреќата се случила во 13 часот во м.в. „Карадаци„, додека Ангел и Љ.С.(60) од Скопје, работела во бунарот на М.С..

Thumbnail

Додека копале се одронила земјата и двајцата ги затрупала. Притоа Анѓел починал на лице место, додека Љ.С. се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен и задржан на лекување во Општа болница-Куманово. Увид на лице место извршиле екипа од СВР Куманово,  Истражен судија и  Зам. јавен обвинител , а  по наредба на Истражниот судија  телото на починатиот е дадено на обдукција.