31. Oct 2011 12:58 Годишен концерт на играорците-пензионери

 Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски„, кое работи во состав на Здружението на пензионери "Куманово", викендов го одржа традиционалниот годишен концерт насловен "Пензионерите за својот град".

Thumbnail

Пред бројната публика кумановските пензионери се представија со сплет од народни игра и песни од Егејска Македонија и кумановскиот крај, а имаше и неколку хорски изведби и соло настапи на пензионери пејачи. Гости на концертот беа младите играорци од КУД "Срма". Концертот се одржа во големата сала на Центарот за култура.