10. Oct 2011 10:44 Хрватски навивачи дивееле на Табановце

 Група пијани хрватски навивачи, кои се враќале од натпревар во Грција, во саботата дивееле на бензинската пумпа „Мак Бенз“ и на граничниот премин Табановце.

Thumbnail

Прво дел од навивачите  околу 12  часот влегле во бензинската пумпа, при што на излегување зеле прехрамбени продукти и пијалоци, кои не сакале да ги платат.  Додека да се расчисти случајот  тие биле задржани  на граничниот премин, и најверојатно револтирани поради тоа, од автобусите излегла група која почнала да фрла канти за отпадоци и при тоа оштетиле едно паркирано возило. Откако биле смирени во 14 часот сите четири возила со навивачите ја напуштиле територијата на Р.Македонија.