19. Jan 2012 09:53 Има ли дискриминација во Куманово?
Центарот за ромска зедница „ДРОМ„ утре ќе објави податоци од теренско истражување од проектот “Стоп за двојна дискриминација”.
Презентацијата ќе се одржи утре во 11 часот, во салата на Совет на Општина Куманово – поранешен Комитет.
Воведно излагање ќе има претставник од УНДП, а кратка презентација на проектот “Стоп за двојна дискриминација”, Ахмет Јашаревски – проект координатор.
Презентација на податоци од теренско истражување и едукација ќе изврши Ремзија Муслиевска – социјален работник.
