18. Sep 2011 21:21 Конечно дожд во Куманово
Вечерва заврна дожд во Куманово, по речиси два месеци суша. Дождот започна да паѓа околу 20 часот, проследен со умерен ветар, грмежи и електрични празнења.
Метеоролозите најавуваат дека и во наредните денови ќе се задржи слично време. Кумановчани дождот го очекуваа со нетрпение,бидејќи последните денови беше неподносливо топло за овој период од годината, а почнаа да се јавуват и првите проблеми во водоснабдувањето.
