24. Nov 2011 14:54 Кривична за пиромани на викендичка

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.К. (25), У.З. (19), Ф.А. (28) и И.Р. (28), сите од Куманово, затоа што запалиле викендичка во селото Биљановце. 

Thumbnail

 Во јуни годинава, пријавените со бензин ги испрскале ѕидовите на викенд-куќа на А.П. (19) од Куманово, а потоа ја запалиле.

 Полицијата им поднесе пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.