02. Feb 2012 16:07 Кривична затоа што му ја скршил главата на соседот

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Д.(43) од Куманово за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Thumbnail

 Во декември мината година на ул.„Доне Божинов„ настанала вербална расправија, откако  во комбето на  Д.Д. , кое било паркирано покрај контејнерот  со кантата удрил  неговиот сосед Р.Ј.(59) додека фрлал смет. Соседот физички го нападнал Р.Ј. удирајќи го  со  тупаница по главата, нанесувајќи му тешка телесна повреда.