28. Dec 2011 16:00 Куманово ќе стане конзулски град

 Доктор Алириза Османи од Куманово ќе биде почесен конзул на Република Романија во Македонија, во конзулат што наскоро ќе се отвори во Куманово.

Thumbnail

 Мојата заложба ќе биде што побрзо зближување на сите градови во регионот, од Гостивар до Крива Паланка,за што сум задолжен, со Република Романија. Тоа ќе биде културно, образовно, а пред се најзначајното, економско поврзување на градовите од двете земји- вели Османи.

 Конзулатот ќе биде сместен во зградата на старата општинска зграда во т.н. Касапски круг.