08. Sep 2010 12:47 Куманово го прослави Денот на независноста

 Денот на независноста на Република Македонија, локалната самоурава го одбележа на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ.

Куманово го прослави Денот на независноста

 Венци и свежо цвеќе положија градоначалникот и членови од неговиот кабинет, претставници на Советот, политички партии, невладини организации, основни училишта, Сојузот на борци и граѓани. Свечен говор одржа градоначалникот Зоран Дамјановски.

Куманово во поновата македонска историја е светол пример како се бори за слободата, мирот и соживотот на ова порачје. Како мултиетнички град Куманово успешно ги остварува своите задачи, динамично се уредува и модернизира. Се решаваат крупните проекти за кои се заинтерсирани сите наши граѓани. Само со  модерна и современа локална заедница ќе имаме просперитетна држава која ќе влезе во светот на развиената и деморатска Европа- рече градоначалникот. 

Куманово го прослави Денот на независноста