07. Dec 2011 15:11 Куманово се украсува

 Започна украсувањето на градот по повод новогодишните празници. Екипите на Електро-Куманово денеска ги поставуваа светилките на Градскиот плошта и на улиците околу него. За оваа намена Советот на Општината извои 1,5 милион денари.

Thumbnail

Оваа година за првпат новогодишниот амбиент во Куманово ќе биде како во светските метрополи. Набавивме елка висока 9 метри и широка 3 метри, која ќе биде поставена на плоштадот.  Имаме доста нови светилки, а ќе бидат употребени и минатогодишните, така да ќе биде богато украсено. Се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни како празнично ќе ни  изгледа градот- вели Маја Антевска-Додевска, помошник директор во ЈП „Куманово-паркинг„.

 Со украсување ќе биде опфатено централното градско подрачје, главните сообраќајници и влезот и излезот на градот. Украсите ќе останат до крајот на јануари.

Куманово се украсува