15. Dec 2011 16:29 Кумановската полиција доби началник од Скопје

 Моме Јакимовски од Скопје е нов началник на Кумановската полиција. Јакимовски денеска стапи на  функцијата во СВР Куманово, кој ги покрива и соседните општини Крива Паланка и Кратово.

Thumbnail

Од МВР велат дека станува за искусен професионалец кој долги години работи во МВР, а доаѓа од Оделот за организиран криминал Скопје.

Кумановската полиција беше 5 месеци без начелник, откако предходниот Љубомир Ѓурчески замина во пензија.

Дел од вработените во полицијата негодуваат на назначувањето на прв полицец од страна, бидејќи сметаат дека  никој не можел подобро да ги познава состојбите во градот, од човек кој живее и работи тука.