26. Jan 2012 10:24 Локалните патишта завеани, градските улици проодни

 Најновите врнежи од снег направија проблеми и го отежнаа сообраќајот на локалните патишта. По градските улици сообраќајот се одвива забавено и по влажни коловози, но без застој.

Thumbnail

Според службите во локалната самоуправа задолжени за зимско одржување на улиците, по програмата за работа прво се чистат улиците во градот, а во потоа се интервенира на патиштата кон приградските населби и селата.

Снегот не создаде проблеми во градот, но има проблеми во населбите и селата, бидејќи на повисоките места на патиштата има и наноси, поради што мора да се интервенира со тешка механизација. Во селата Сушево, Сопот, Четирце, Горно Којнере, Градиште наносите се над еден метар- вели Момчило Јовановски од Секторот за урбанизам.

 Во раните утрински часови екипите ги исчистиле градските улици и фрлиле околу сто тони сол, а во моментот се работи на отстранување на снегот од патиштата во селата Романовце и Горно Којнаре.

Локалните патишта завеани, градските улици проодни