10. Oct 2011 14:38 Малолетник кршел на Спомен костурницата

 Е.Р. (15) од Куманово, дивеел на Спомен костурницата на паднатите борци и ги скршил мермерните плочи пред неколку месеци.

Thumbnail

 Полицијата ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело оштетување или уништување на добра, под привремена заштита, културно наследство или природни реткости. Во август годинава, пријавениот во неколку наврати извадил дел од бетонските плочи од Спомен костурницата, а потоа ги искршил и оштетил мермерните плочи каде се сместени моштите и плочите со имиња на паднатите борци од НОБ и  дел од метална слика со фрагменти од НОБ.

Малолетник кршел на Спомен костурницата