05. Sep 2011 11:55 Мulti-култи со отворен ден за граѓаните

 Младинскиот Центар Multi–Култи денеска на Градскиот плоштад во Куманово од 10 до 18 часот, организира отворен ден со граѓаните.

Thumbnail

При тоа ќе се презентираат новите активности во младинскиот центар во наредните три месеци. Исто така на овој ден сите заинтересирани ученици од основните и средни училишта ќе имаат можност да се запишат на некои од активности што ги нуди Multi-Култи.