12. Oct 2011 11:42 Објавен конкурс за Ноемвриска награда

 Советот на Општината Куманово го распиша годинешниот конкурс за доделување на Ноемвриска награда.
Thumbnail

 Конкурсот ќе трае до почетокот на  ноември, по што Комисијата за манифестации, празници и доделување на награди на седница ќе одлучи коj ќе ги добие престижните признанија.

 Критериумите се исти и оваа година,сите поединци, организации и фирми од Куманово, кои со своето дело и работа, сметаат дека дале особен придонес за развоја на Општината, можат да конкурираат. Секој што е заинтерсиран за наградата може сам да се пријави или тоа за него да го стори група на граѓани - вели Александра Георгиевска претседател на Комисијата за манифестации празници и доделување на награди.

 Наградите ќе бидат врачени на Свечена седница на  Денот на ослободување на градот.