24. Jan 2012 10:23 Од струен удар загина старец

 Живко Петковиќ (75) од Старо Нагоричане, завчера попладнето загинал од струен удар во неговиот дом. Мртвото тело во импровизираната бања, која се наоѓала во подрумските простории, го пронашол член од семејството.

Thumbnail

Веднаш повикал полицијата која заедно со лекарска екипа дошла на  местото на несреќата.

 Од увидот било утврдено дека се работи за несреќен случај и на самото место било констатирано дека Петковиќ загинал  од струен удар.

 Несреќата се случила околу 18 часот кога Петковиќ се симнал во бањата да се капе. Бидејќи поминало подолго време, член од неговото семејство отишол да види што се случило. Кога ја отворил вратата од бањата го нашол на подот безживотното тело на Живко, по што веднаш побарал помош.