15. Sep 2011 16:19 Oд утре редовна настава во училиштата

 Министерството за образование и наука информира дека од утре,  во сите јавни основни и средни училишта во државата, наставата продолжува да се одвива редовно.

Thumbnail

Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава и високите температури, во изминатите три дена, согласно одлуката на министерството, во училиштата се одвиваше скратена настава која завршуваше во 12 часот.