21. Sep 2011 12:41 Одбележан денот на мирот

 Во организација на Сојузот на борците од Куманово, утринава пред споменикот на револуцијата во паркот пред Центарот за култура, беше одбележан Денот на мирот.

Thumbnail

Присуствуваа борци од НОБ, претставници од локалната самоуправа, воени-резервини старешини, воени и полициски ветерани, невладини организации и ученици.  Пред присутните беше прочитана пораката на мирот од генералниот секретар Бан ки Мун, а со едноминутно молчење им беше оддадена почит на сите сите жртви во светот.