24. Nov 2011 12:25 Општинатa си го бара Домот на пионерите

Општината Куманово бара да и се врати зградата на поранешниот Дом на пионерите во Куманово, кој повеќе од 20 години пропаѓа поради нерешена сопственост.

Thumbnail

Во зградата се сместени неколку приватни фирми и кафуле, но ја нема некогашната намена да се користи за вон-наставните активности на децата и учениците во градот.

 Со судска одлука, поранешниот Дом на пионери сега е вратен во сопственот на Република Македонија. Поради тоа бараме од Владата со процесот на децентрализација да ни даде корисничко право на објектот, исто како и образовните институции. Ние ќе ја вратиме поранешната намена на установата да се користи за потребите на младите- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Неофицијално се зборува дека поранешниот Дом на пионерите ќе биде доделен на некоја образована институција за дисперзирани студии, а не на Општината Куманово.

Зграда на поранешниот Домот не пионерите е една од најубавите во градот со неколку илјади метри квадратни простор за сите намени, а се наоѓа во состав на комплексот основни и среднo училишта.

На три ката и нивоа, во него има изложбен простор,  училници, канцеларии, сали за вежбање и сала за приредба. Просторот со години стои неискористен и препуштен на забот на времето.