16. Sep 2011 15:58 Пијан возач удрил во бандера

 Ноќеска на раскрсницата на улиците „Моша Пијаде„ и „Октомвриска Револуција„, автомобил алфа-ромео со кумановски регистарски таблички, удрил во електричен столб при што едно лице е тешко повредно, а друго поминало со полесни повреди.

Thumbnail

 Според полициски информации сообраќајката се случила пет минути по полноќ, кога Т.П.(46) возач на автомобилот, под дејство на алкохол изгубил контрола на возилото и удрил во бандерата покрај патот.

Од силината на ударот, со сериозни повреди по телото се здобил неговиот сопарник Ј.Л.(33), кој со возило на Брза помош,  е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Возачот на автомобилот е приведен во полиција, и по извршениот алко-тест било утврдено дека го управувал автомобилот во алкохолизирана состојба.

Против него ќе следи соодветна пријава.