17. Jan 2012 10:45 „Пивтијада„ по 10-ти пат

 Утре започнува прославата на празникот Водици и манифестацијата „Пивтијада 2012„, што по десети пат ја организира здружението на граѓани Карпино.

Thumbnail

Манифестацијата започнува напладне во дворот на ресторанот Грација, каде ќе се изврши примо-предавање на кумството, а ќе следи и богата културно-уметничка програма.

Додека се варат пивтиите, гостите за ручек ќе се послужат со војничко гравче. На Водици на вечерта ќе се избере најдобрата пивтија- велат организаторите.

Во програмата ќе настапи црковниот хор Марија Магдалена, Марија Бојковска, здружението на пензионерите со дел од претставата Ленче Кумановче и други.