27. Jun 2010 16:38 Почина советникот Радомир Каревски
Утринава ненадејно почина советникот на СДСМ Радомир Каревски-Роко на 77 годишна возраст.
Советот на Општината утре во 10 часот ќе одржи Комеморативна седница.
Советникот Радомир Каревски долги години беше претседател на Основниот суд во Куманово и Општински јавен обвинител. Погребот ќе се изврши утре во 13 часот на Градските гробишта во Куманово.
















