27. Sep 2011 11:14 Повторно зголемен бројот на азиланти

 Последниов месец повторно е зголемен бројот на граѓани што барале азил во западно-европските земји. Најголем  број на азилантите биле од ромска националност.

Thumbnail

Поради тоа повторно се зголемени мерките на Владата за спречување на оваа појава. Во општината Куманово, Oдделот за превенција при СВР Куманово ќе одржи состанок со ромските невладини организации и граѓаните на тема Злоупотреба на визната либерализација. На трибината ќе присуствува министерката за евроинтеграции Теута Арифи и високи претставници на МВР.