13. Apr 2012 13:30 Претепана и ограбена старица во нејзината куќа

 Н.Д. (67) од Куманово вчера била ограбена во нејзината куќа на ул. „Димитар Влахов“, кај Стара црква.

Thumbnail

Разбојништвото се случило во 16.30 часот, при што напаѓачите ја претепале жената. 

Со сериозни повреди по главата и лицето, таа е пренесена во кумановската болница, а заради карактерот на повредите е префрлена во Клиничкиот центар Скопје.

СВР-Куманово превзема мерки  за целосно расчистување на случајот.