09. Nov 2011 16:13 Прием за децата, борците и понешните градоначалници

Градоначалникот Зоран Дамјановски, по повод Денот на градот, организираше прием за учениците од основните и средни училишта, борците и резервните воени старешени, припадниците на АРМ и МВР, како за поранешните претседатели и градоначалници на Општината Куманово.

Thumbnail

Денешниве активности се традиционални во пресрет на големиот празник на нашиот град. Почнавме со најмалите, а ќе  завршуваме со моите предходници кои дадоа голем допринос за развој на градот. Сепак утре ќе следуваат  нашите главни капитални инвестиции.Тоа е отварањето на затворениот базен и пуштање во употреба на атлетскиот стадион. Ја користам оваа прилика да ги повикам  граѓаните да дојдат во 12.30 часот кај Спортската сала, и во 18 часот во Соколана. На прославата ќе присуствува и поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски - изјави градоначалникот Дамјановски.

Прием за децата, борците и понешните градоначалници