02. Sep 2011 13:15 Продолжува забраната за движење во шуми

  До 10 септември продолжува целосната забрана за движење во шуми и шумски појаси на целата територија на државата.

Thumbnail

 Законот за шуми предвидува казна за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната за движење во шума се движи од две до три илјади евра - , информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ваквата одлука беше донесена поради превенирање од пожари зашто можноста од нивна евентуална појава беше зголемена поради топлотниот бран што ја зафати земјата.

Министерството за внатрешни работи, граничната и шумската полиција и во следните 10 дена ќе вршат 24-часовна контрола и легитимирање на секое лице затекнато во шума.