26. Dec 2011 17:39 Пропадна шахта на раскрсница

На раскрсницата на улиците „11 Октомври„, „Доне Божинов„ и „Гоце Делчев„, денеска предпладне пропадна капакот од шахтата за атмосферска канализација. 

Thumbnail

 Металниот капак попуштил под тежината на некој камион или автобус. За да се врати во првобитната положба дел од улицата мораше да се раскопа , велат вработените од екипата на ЈП „Водовод„, кои работеа на поправка. 

Поради градежните работи на раскрсницата, една лента од коловозот беше зафатена, па се предизвика метеж во сообраќајот. Редици колони од автомобили и нервозни возачи со вклучени сирени чекаа да поминат во централното градско подрачје.

Пропадна шахта на раскрсница